„Се наведнувам во страв и кога ќе се скрши чинија!“ – фудбалерите на Дортмунд раскажуваат за траумите кои ги доживуваат и до ден денес

by
2 минути читање

Во април 2017, на
пат кон стадинот за дуелот со Монако во Лигата на шампионите, автобусот со кој
патуваше делегацијата на Борусија Дортмунд беше цел на три експлозивни направи.

За нападот беше
приведен Сергеј В. кој сакал да профитира од тоа што акциите на Дортмунд
значително ќе изгубеле од вредноста по бомашкиот напад.

Вчера пред судот
исказ дадоа неколку лица како поранешниот тренер Томас Тухел, екс играчите Свен
Бендер и Феликс Паслак, ветеранот Роман Вајденфелер и капитенот Марсел Шмелцер.

Последните двајца
открија дека и по речиси една година, дел од фудбалерите се уште страдаат.

„Се слушна голем
тресок и веднаш настана паника во автобусот. Играчите беа легнати на подот. Бев
во голем шок, го почувствував бранот од тресокот. Потоа слушнавме како вреска
Марк Барта и забележавме дека крвари. Можеше да се види страв во очите на сите
– Шмелцер го објасни моментот на
експлозијата.

„И ден денес се
наведнувам во страв кога чинија ќе падне на подот и ќе се скрши, слично е и
кога возило со помала брзина ќе помине покрај автобусот. Ниту еден играч не
спиеше таа вечер по нападот. Сите бевме екстремно среќни кога се вративме дома
кај нашите семејства
.


„Милонерите“
веднаш на играчите им понудиле помош од посхолог, но најголем дел од играчите
ја одбиле и се решиле да разговараат со сопствени доктори на кои им веруваат
подолго време.

Искусниот голман
Вајденфелер пак истакна: „Се слушна голем тресок, во прв момент никој немаше
престава што се случи. Барта крвареше. Ушите ми зуеја по експлозијата. Автобусот
секогаш беше место каде се опуштавме, нашата безбедна зона. Нападот се уште е
тема на разговор во тимот, знам играчи кои се уште страдаат. Тоа беше напад врз
нашите животот. Инцидентот го промени мојот живот. Ни беше понудена помош, јас
разговарав со психолог
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани