646
На 7. април,
„Граѓаните“ ќе имаат прилика со триумф над лутиот градски ривал да стигнат до
титулата во Премиерлигата. Вечерва избраниците на Пеп Гвардиола се прошетаа на
Гудисон Парк и се враќаат со три бода од гостувањето кај Евертон.
Резултатот беше
отворен по само четири минути, Силва нафрли на подалечната статива каде Сане со
волеј погоди за 0-1. Во 13. минута веќе беше 0-2, откако по една контра, Де
Брујне го проигра осамениот Жесус во петерецот за Бразилецот со глава да го
матира Пикфорд.
Гостите стигнаа
до предност од три гола во 37. минута. По еден брз против напад, Силва му
асистираше на Стерлинг за 0-3. Во продолжението од мечот, Евертон само успеа да
стигне до почесен гол преку Боласи.