Се е договорено: Откриена и платата на Модриќ во Милан

by Стефан
1 минути читање

Хрватскиот ветеран, Лука Модриќ како што стојат работите по заминувањето од Реал Мадрид кариерата ќе ја продолжи во Милан.

Новиот спортски директор на „росонерите“, Игли Таре се сретнал со Модриќ на подготовките на хрватската репрезентација во Ријека и ги договорил сите услови. Модриќ се согласил на едногодишен договор со можност за продолжување до 2027 година.

Исто така се открива и дека во Милано Модриќ ќе заработува сума од 3.5 милиони евра по сезона со дополнителни бонуси.

Во септември Модриќ ќе наполни 40 години, но сезонава во дресот на Реал Мадрид покажа дека и понатаму може да игра на највисоко ниво.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани