Сари ќе го продолжи договорот со Наполи, Челси се насочува кон нова тренерска цел

by
1 минути читање

Сари синоќа се сретна со претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и информациите велат дека соработката ќе биде продолжена.

Се очекува Антонио Конте да замине по крајот на оваа сезона, откако ќе заврши финалето од ФА Купот, па Челси е во потрага по негов наследник.

„Телеграф“ пишува дека Луис Енрике е првиот кандидат за нов тренер на Челси.

Информациите велат дека новиот тренер на Челси ќе биде назначен брзо по заминувањето на Конте, пред почетокот на Светското првенство.

Покрај Луис Енрике во игра е и Маурисио Покетино кој е незадоволен од трансфер политиката на Тотенхем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани