Сандерленд не успеа да го победи Евертон на свој терен, мечот заврши 1-1, но и со овој бод се вратија меѓу најдобрите четири во Премиер лигата.
Евертон имаше одличен влез во мечот, со гол на Ендиаје во 15. минута поведоа со 1-0. Со тој резултат заврши првото полувреме.
По неколку секунди игра во вториот дел Џака го изедначи резултатот на 1-1. Сандерленд напаѓаше и за комплетен пресврт, но не успеа да постигне уште еден гол.
По 10 одиграни кола од нив подобри се само Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул со кој имаат и ист број на бодови.