„Граѓаните“
минатото лето беа на чекор до потпис со Чилеанецот, се беше договорено за
трансфер вреден 60 милиони фунти, но зделката не се реализираше откако Арсенал
не успеа да најде замена за Алексис Санчез и се откажа во 5 до 12.
Манчестер Сити
сега одново тропна на вратата на „Топчиите“ но само со понуда од 20 милиони
фунти, верувајќи дека ова е фер цена за играч кој по шест месеци можат да го
добијат за без пари.
Но Арсенал бара
35 милиони фунти, и додека лидерот на табелата калкулираше, Манчестер јунајтед
достави понуда.
„Црвените ѓаволи“
се подготвени да искешираат 35 милиони фунти, да му дадат на Алексис Санчез
плата од 400.000 фунти, како и богата провизија за агентите на играчот.
Па попладнево
лидерите на Манчестер Сити ќе имаат средба со менаџерот на која ќе падне
конечна одлука.
Како што
пренесуваат медиумите од „Островото“, Пеп Гвардиола ќе разговара со генералниот
извршен директор Феран Соријано, спортскиот директор Чики Бегиристан и
претседателот Калдон Ал Мубарак.
Тие треба да
одлучат дали ќе платат повеќе од што мислат дека е фер цена и да ја прифатат
уцената од Арсенал или пак ќе му дозволат на лутиот ривал Манчестер јунајтед да
им го украде играчот.
Се верува дека
Алексис Санчез преферира да се пресели на Етихад и да игра под водство на
Чилеанецот, но во исто време толку очајно посакува да замине од Арсенал па е
подготвен да заигра за Жозе Мурињо доколку Манчестер Сити не направи потег.
Во меѓувреме,
новинарот Макс Карденас, кој прв пренесе за можноста Манчестер јунајтед да го
украде Алексис Санчез, сега објави дека Чилеанецот веќе го одбрал бројот на Олд
Трафорд и ќе го носи легендарниот дрес со број 7.