Санчез уште не пристигнат му прави проблеми на Јунајтед, Погба прв се буни

by
1 минути читање

Пол Погба е најплатен играч на „Црвените ѓаволи“ откако во 2016 се врати на Олд Трафорд за тогаш рекордни 105 милиони евра.

Но тоа ќе се промени во следните 48 часа откако Алексис Санчез ќе потпише за најтрофејниот клуб од Англија.

Доколку договорот на Чилеанецот со „Топчиите“ не завршуваше за шест месеци, тој на трансфер пазарот ќе имаше вреденост помеѓу 80 и 100 милиони фунти.

Манчестер јунајтед ќе го купи за многу помалку, зделката се проценува на 35 милиони фунти но во основа ќе биде трампа со Хенрих Мхитарјан, па Алексис Санчез се избори за многу поволна плата, особено што за неговиот потпис се бореше и Манчестер Сити.

Се говори дека тој ќе има плата од 400.000 фунти неделно со што ќе биде најплатен во Манчестер јунајтед но и во Премиерлигата.

На Пол Погба не му се допаѓа ова, па Мирор вели дека Французинот и неговиот агент Мино Рајола наскоро ќе побараат нов договор и двојно поголема плата, односно да биде изедначен со Алексис Санчез.

Се очекува ваквото нарушување на хиерархија со плати да придонесе и други играчи да побараат измена на договорите и поголеми примања.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани