Шалке жали, Баерн е среќен: Горецка од лето на Алианц Арена

by
2 минути читање

22 годишниот
фудбалер од средниот ред ги одработува последните шест месеци од договорот со
Шалке. Тој на маса имаше богата понуда за да ја продолжи верноста, но и можност
да потпише за европски гигант, откако на неговата врата тропнаа тимови како Баерн
Минхен, Барселона, Реал Мадрид и Ливерпул.

Уште во декември
почнаа да кружат шпекулации дека „Баварците“ се тие кои ја добиваат битката за
потписот на Леон Горецка, а ваквите информации официјално беа потврдени
денеска.

„На почетокот од
неделава, Леон ни соопшти дека сака да замине и да се пресели во Баерн Минхен
– рече спортскиот директор на
Шалке, Кристијан Хајдел.

„Тој веќе има
потпишано договор и ќе се пресели на Алианц Арена на 1. јули 2018. Сторивме се
што можевме за да го задржиме Горецка. Минатото лето имавме договор со него и
неговите агенти, но побара дополнително време да одлучи. Жалам што го загубивме
.

Секако,
расположението во таборот на „Баварците“ е сосема спротивно, тие за без пари добиваат фудбалер кој важи за еден од најперспективните во Германија и Европа.

„Многу сме среќни
што Леон, германски репрезентативец со голем потенција, одлучи да му се
придружи на Баерн Минхен и покрај тоа што имавме голема конкуренција од
странство
– вели генералниот
извршен директор на Баерн, Карл Хајнц Румениге.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани