Мохамед Салах е
фудбалерот поради кого цел фудбалски Египет се надева на успех, барем
минимален, на претстојното Светско првенство во Русија кое се одржува летово.
Сепак, ѕвездата
на Ливерпул се најде во една непријатност откако изби судир околу неговиот
спонзор, па тој, заедно со неговиот агент Рами Абас бараат одговори од
фудбалската федерација на Египет.
Салах е заштитно
лице на „Vodafone“ за
Блискиот Исток, но и во Африка, додека пак спонзор на репрезентацијата е
ривалската компанија „WE“,
па тие го искористија Салах во
промотивна кампања, поточно, неговиот лик се најде на авионот со логото на
споменатата компанија, а за решавање на овој проблем се вклучија дури и
државните власти.
„Сметам дека
начинот на кој ме третираат е една голема навреда кон мене, мислев дека ќе
добијам подобар третман“ рече Салах.