Салах: Од првиот ден кога дојдов во Ливерпул верував дека далеку ќе стигнеме во Лигата на шампионите

by
1 минути читање

Ливерпул игра
одлично сезонава, беше далеку од водечкиот Манчестер Сити во Премиерлигата, но
истиот ривал од домашното првенство го елиминираше во патот до финалето од
Лигата на шампионите, каде силите ќе ги одмери против бранителот на европскиот
трофеј Реал Мадрид.

Првата ѕвезда на
Премиерлигашот, Мохамед Салах вели дека уште од првиот ден кога дошол во тимот
од Енфилд верувал дека неговата екипа ќе стигне далеку во тоа натпреварување.

Верував 100%,
ова го велам искрено. Од првиот ден кога дојдов во клубот верував дека ќе
стигнеме далеку во Лигата на шампионите
“ рече Салах кој игра во животна форма.

Финалната битка
за трофејот во овосезонската Лига на шампионите се игра во Киев во сабота.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани