351
Ливерпул со победата од 5-2 пред своја публика над Рома е со една нога во големото финале од Лигата на шампионите сезонава, но италијанскиот тим не смее предвреме да се отпише, барем по чудесната победа над Барселона претходно.
Мохамед Салах беше повторно во центарот на вниманието, постигна два гола против својот поранешен клуб од каде направи трансфер во Ливерпул, но истите не ги прослави, туку гестикулираше со извинување.
Египјанецот освен тоа што не ги прослави погодоците против Рома, направи и еден прекрасен гест кон неговите поранешни соиграчи, се поздрави со секого поединечно во тунелот пред стартот на мечот на Енфилд, но и ги гушна сите фудбалери на Рома, гест кој доволно говори за Египјанецот како особа.