559
Мохамед Салах ја
игра сезоната на својата кариера, тој веќе стигна до бројката од 21 погодок во
Премиерлигата. Египјанецот
вечерва во два наврати ја тресеше мрежата на Тотенхем, а особено атрактивен
беше неговиот втор погодок.
Во 91. минута од
средбата, со мајсторија на мал простор, Салах најпрво се ослободи од Бен Дејвис
и Деле Али а потоа го измеси и Вертоген за на крајот да ја префрли топката
преку истрчаниот Лорис за дилириум на Енфилд. Самиот Јирген Клоп полуде од
радост и трчаше покрај аут-линијата.