54
Мохамед Салах
стана фудбалер на годината во Премиерлига за оваа сезона, а денес постави и нов
рекорд во најсилниот фудбалски шампионат на Островот, со тоа што ги мина Ширер,
Роналдо и Суарез.
Ливерпул во
моментов (60. минута) има водство од 3-0 против Брајтон на домашен терен во
последното коло, а Салах во 26. минута го отвори мечот на резултатски план со
тоа што го постигна 32 гол сезонава во Премиерлигата.
Претходно, Алан
Ширер, Кристиано Роналдо и Луис Суарез имаа постигнато по 31 погодок, а Египјанецот
со денешниот гол веќе ги надмина претходните фудбалери кои беа израмнети по тој
рекорд.
\