Сако: Вест Хем не сака црни фудбалери, еден по еден сите ќе си одиме

by
1 минути читање

Вест Хем е темата на денов во Англија, голем расистички скандал го тресе лондонскиот клуб. Тони Хенри изјави дека веќе не сакаат африкански фудбалери бидејќи тие се однесуваат лошо кога нема да играат. Тој веднаш доби суспензија од клубот, но приказната нема да престане брзо.

Со изјава се јави Диафра Сако, фудбалерот кој во јануари од Вест Хем се пресели во Рен. Тој на својот СнапЧет изјави дека клубот не сака црни фудбалери.

„Тие се исплашени и сега сите ќе видат зошто го напуштив клубот. Тие не сакаат црни играчи, еден по еден сите ќе си одиме“, меѓудрогото напиша Сако.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани