Фудбалската репрезентација на САД запиша и втор триумф на Мундијалот откако денеска со 2-0 ја совлада Австралија.
Американците ја завршија работата уште во првото полувреме. Резултатот беше отворен во 11. минута кога Бургес несреќно ја затресе сопствената мрежа, а непосредно пред паузата Фриман го зголеми водството и им донесе мирна завршница на домаќините.
Во продолжението избраниците на Маурисио Покетино се фокусираа на зачувување на предноста, контролирајќи го натпреварот и не дозволувајќи им на Австралијците да создадат многу опасности пред нивниот гол. Гостите имаа неколку обиди во завршницата, но не успеаја да го загрозат триумфот на САД.
Со максимални шест бода по две кола, Американците и официјално се пласираа во следната рунда, каде што претходно место обезбеди и Мексико.