Во интервју за „Скај
Спортс“ Вејн Руни, поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед откри дека
Роналдо бил причината зошто Ван Нистерлој си заминал од Олд Трафорд.
„Мислам дека Руд беше
навикнат на Дејвид Бекам и Гигс, тие пристигнуваа до работ на казнениот простор
на противникот а тој добиваше употребливи топки кои одлично ги користеше“ рече
Руни кој се врати во Евертон по подолг период.
„Потоа дојде Кристиано и
почна со дриблинзи, ја задржуваше премногу топката на негов начин и тоа го
исфустрира Руд, по што тој си замина, според мене ја направи најдобрата одлука
во тој момент“ додаде тој.
Ван Нистелрој постигна
150 погодоци во 219 настапи за Црвените ѓаволи, според Руни тој е најдобриот
реализатор во нападот со кого играл во неговата кариера.