Дејвид Бекам сака настапот на својот клуб во МЛС да го почне со моќен тим. Неговиот клуб Мајами од 2020 ќе почне да настапува во најдобрата американска фудбалска лига.
Карло Анчелоти е неговиот прв избор за тренер, а ако не успее да го убеди, Зинедин Зидан и Брус Арена му се следните пикови.
Големи планови има и кога станува збор за играчкиот кадар. За две години планира да им понуди договори на Кристијано Роналдо и Вејн Руни кои беа тандем во Манчестер јунајтед.
Руни веќе најави дека пред крајот на кариерата сака да игра во МЛС и таму да заврши. А слично размислување имаше и Кристијано Роналдо кој веќе има 33 години, па нема да биде чудно доколку за неколку години замине од Европа.
МЛС лигата станува се поатрактивна, последна ѕвезда која замина таму е Златан Ибахимовиќ кој потпиша за ЛА Галакси.