Руни го советува Арсенал да го купи напаѓачот вреден 40 милиони кој се поврзува со Манчестер јунајтед

by bojan
1 минути читање
Матета

Вејн Руни смета дека Арсенал треба да тргне по потписо тна Жан Филип Матета од Кристал Палас, кој изминативе денови се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед.

„Топчиите“ влегоа во резултатска криза откако повредите им го десеткуваа нападот а не беше ангажиран нов голгетер во зимскиот преоден рок.

По синоќешното реми на Олд Трафорд, Арсенал заостанува 15 бода зад лидерот Ливерпул и практично и да немаат шанси за титулата во Премиерлигата.

Па Вејн Руни го советува Микел Артета да го ангажира Жан Филип Матета од Кристал Палас.

„Жан Филип Матета е крупно, силно момче кое постигнува многу голови“ – вели Руни.

„Од последните неколку натпревари на Арсенал во Премиерлигата може да се забележи дека тие често уфрлаат топка во шеснаесетникот, но нема кој да ги искористи овие нафрлени топки. Убеден сум дека Матета ќе им биде од голема корист“.

Во последно време Жан Филип Матета силно се поврзува со трансфер во Манчестер јунајтед и се шпекулира со трансфер вреден околу 40 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани