Румениге меѓу редови го потврди трансферот на Родригез и порача: Му благодариме на Анчелоти!

by
1 минути читање

Колумбиецот цело
лето се поврзуваше со трансфер во Премиерлигата но Баерн Минхен ја изненади
конкуренцијата и договори една нетипичена зделка помеѓу два европски гиганти. Хамес Родригез пристигна на
Алианц Арена на две годишна позајмица со опција за перманентен трансфер.

Марка денеска
најави дека „Баварците“ решиле во целост да го откупат договорот на играчот за
42 милиони евра, и ваквата вест меѓу редови беше потврдена од Карл Хајнц
Румениге.

Пред да отпатува
за Севиља, првиот човек на Баерн на новинарите им изјави: „Условите во
договорот се прилично јасни. Имаме позајмица на две години и опција во целост
да го купиме играчот за 42 милиони евра. Но не се брзаме
.

„Задоволни сме од
начинот на кој тој се адаптираше и игрите кои ги прикажува, особено откако Јуп
Хајнкес стана тренер. Се работи за навистина добар трансфер, морам да му се
заблагодарам на Карло Анчелоти за ова
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани