Роналдо уште еднаш покажа колку е голем, два гола во судиското продолжение за победа на Португалија! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Кристијано Роналдо имаше фантастична ноќ со португалската репрезентација, постигна два гола во судиското продолжение кои донесоа победа против Египет.

Египет поведе со одличен гол на Мохамед Салах во 56. минута од натпреварот и го држеше водството до истекот на регуларните 90 минути, но забавата им ја расипа Роналдо.

Судијата покажа четири минути продолжение, во 92. Роналдо погоди за 1-1, а две минути подоцна уште еднаш ја затресе мрежата на Египет за победа од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани