Фановите на Реал Мадрид имаат високи стандарди, секогаш кога не оди според планот долу на теренот, се слушаат свирежи од трините. Навивачите не поштедуваат никого, во минатото и самиот Зинедин Зидан добивал свирежи, а истото сега му се случува и на првиот играч, Кристијано Роналдо.
Во разговор со Франс Фудбал, Португалецот призна дека не му се допаѓа ова, и повика фановите свирежите да ги заменат со поддршка кога им е тешко на играчите.
„Не ми се допаѓа амнезијата која ја имаат фановите“ – вели ЦР7, кој оваа недела се закити со „Златната Топка“ број 5.
„Фудбалот е составен од циклуси, кога работите не се одвиаат според планот, фановите треба да ни помогнат. Освоивме три титули од Лигата на шампионите во четири години, ова воопшто не е лесно. Некогаш работите едностабвно не одат добро, наместо мрежата ќе ја погодиме стативата, или пак противничкиот голман ќе има свој ден. Барам луѓето да имаат поголема доверба“.