Роналдо се „растепка“ пред ПСЖ, Реал рутински против Гетафе (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Кралевите“ во
добра атмосфера ќе патуваат за Париз за реваншот со ПСЖ во Лигата на
шампионите. Вечерва избраниците на Зидан без многу проблеми славеа над Гетафе,
а Кристијано Роналдо постигна два погодока.

Резултатот беше
отворен во 24. минута, Иско го проигра Бејл кој прецизно биеше за 1-0. Пред
финишот на првиот дел Реал ја дуплираше предноста. Роналдо одлично се снајде по
асистенцијата на Бензема и погоди за 2-0.

Гостите преку
голот на Портиљо од пенал во 65. минута намалија на 2-1, но Роналдо во 78.
минута ги реши сите дилеми околу победникот.

Со вечерашниот
прв гол, ЦР7 сега и според Ла Лига има 300 погодоци во најсилното првенство на
Шпанија. Португалецот исто така може да се пофали дека има постигнато 30 или
повеќе голови во сите 9 сезони во дресот на „Кралевите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани