Новиот
мултимилионски договор на Лео Меси, и оној кој Нејмар го потпиша со ПСЖ
испровоцирал реакција кај Кристијано Роналдо, кој на своите советници и агенти
им наредил до детал да ги откријат догворите на Аргентинецот и Бразилецот и да
достават барање до Реал Мадрид за плата од тоа ниво.
ЦР7 добил
ветување за нов побогат договор по крајот на минатата сезона, но Флорентино
Перез се уште го нема исполнето дадениот збор.
Ел Мундо пишува
дека Кристијано Роналдо на блиските им открил дека наместо нов договор добивал само
„ќе биде утре, утре“. ЦР7 исто така им се доверил дека „не се работи за пари
туку за статус“ и додал дека разликата во платите е „премногу голема“.
Луѓе од кругот на
Португалецот на Ел Мундо му соопштиле дека Кристијано Роналдо бара плата од 40
милиони евра. Во моментов тој заработува околу 21 милион евра, додека пак
Нејмар околу 36 милиони евра а Лео Меси околу 50 милиони евра.
Кристијано
Роналдо останува на ставот дека сака да ја заврши кариерата во Реал Мадрид и не
сака да влезе во конфликт со бордот на директори но во исто време инсистира
дека треба да заработва соодветна плата на статусот најдобар фудбалер во
светот.
ЦР7 верува дека
не може да заработува помалку од Нејмар, па неговата ситуција ја опишува како
„нефер“ и „недоволно ценет“. Сето ова влијае Роналдо да не игра на потребното
ниво и да размислува за заминување доколку Реал не му ги исполни барањата.