Реал Мадрид го преживеа
реваншот со Јувентус благодарејќи на еден несмасен потег на Бентија, кој уништи
се што неговиот тим напорно градеше.
„Старата Дама“ се
избори за 0-3 на Сантијаго Бернабеу, ја анулираше предноста на Реал Мадрид од првиот
натпревар и секунди ја делеа од продолженија.
Но во 93. минута,
Бенатија заборави на Вазкез, па во обидот да интервенира дојде до контакт по
кој Мајкл Оливер досуди пенал. „Бјанконерите“ веруваа дека нема доволно елементи
за најстрога казна и жестоко протестираа, но со ова не се сложува Кристијано
Роналдо.
„Пеналот беше чист. Не разбирам
зошто протестираа, стартуваше врз Лукас од зад грб, доколку немаше пенал,
Вазкез ќе постигнеше гол” – вели ЦР7, кој ја превзеде одговорноста и неодбранливо биеше од белата
точка.
„Моментите пред
да го изведам пеналот беа како цела вечност. Срцето ми чукаше се побрзо, но останав
смирен. Му благодарам на Бог што погодив и се пласиравме во полуфинале”.
„Натпреварот беше
многу долг и треба да ни служи како лекција, треба да научиме дека во фудбалот
никој ништо не ви подарува и мората да се борите до самиот крај”.