„Бјанконерите“ беа еден од многуте клубови кои тропнаа на вратата на Спортинг Лисабон во обид да го ангажираат суперталентираниот Кристијано Роналдо.
Неодамна беше објавено дека „Старата Дама“ бил многу блиску, сите детали биле испеглани, договорите подготвени за потпишување но зделката пропаднала откако Марсело Салас одбил да се пресели во Спортинг.
Кристијано Роналдо сега седна на разговор со иконата на Јувентус, Алекс Дел Пјеро и му раскажа за пропаднатиот трансфер во Торино.
„Многу клубови беа заинтересирани за мене, но клучен човек секогаш беше Жорж Мендеш“ – вели ЦР7.
„Секогаш ме насочуваше во права насока. Секако дека паметам за разговорите со Јувентус, и бев среќен бидејќи тие се извонреден клуб“.
„Но имаше разговори и со Реал Мадрид, Манчестер јунајтед и многу други. На крајот „Црвените ѓаволи“ бае клубот кој ми ги понуди најдобрите услови. Тоа беше остварување на сонот, уште како дете сакав да играм во Премиерлигата“.
„Манчестер јунајтед ми даде шанса и морам да му се заблагодарам на Сер Алекс Фергусон, и очигледно, Жорж Мендеш кој ми помогна да завршам таму“.