Роналдо може да го пропушти Ел Класико, но статистиката вели дека тоа е добро за Реал Мадрид

by
1 минути читање

Наптреварот за Реал Мадрид може да биде последна шанса да се вратат во битка за титулата со Барселона, доколку не победат се чини дека прашањето за шампионот ќе биде решено.

Од Шпанија стигнаа вестите дека Роналдо има шанси да го пропушти дуелот со Барселона, на прв поглед тоа се многу загрижувачки вести за фановите на Реал Мадрид.

Но, статистиката вели дека секогаш кога Роналдо не играл против Барселона, Реал Мадрид победувал.

Откако пристигна во Реал Мадрид, Роналдо има пропуштено три Ел Класико натпревари, на сите три победил неговиот тим.

Два од тие три дуели ги има пропуштено поради повреда, а еден од тактички причини на Мурињо. Тогаш на португалскиот стратег му беше јасно дека и да победат Барселона ќе биде шампион на Шпанија, па го чуваше Роналдо свеж за многу важниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер јунајтед. Реал Мадрид на тој меч ја совлада Барса со 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани