Роналдо има порака за фановите на Јуве пред реваншот со Атлетико Мадрид

by
1 минути читање

Утре Атлетико Мадрид ќе излезе на теренот во Торино со водство од 2-0, Роналдо и соиграчите ќе треба да победат со три гола разлика или евентуално на пенали да го поминат противникот и да се пласираат во четвртфиналето.

Кристијано Роналдо им порачува на фановите да размислуваат позитивно и да веруваат, успехот е возможен.

„Овој тим според мене има фантастична сезона. Ние сме на врвот во лигата со 16 бода предност пред вториот и сме среќни со тоа што го правиме во лигата“, вели Роналдо.

„Го победивме Суперкупот против Милан, сега нашата цел е лигата и се разбира Лигата на шампионите“.

„Мислам дека тимот е добар, со самодоверба, веруваме. Треба да го направиме тоа со една посебна ноќ“.

„Сакам да им кажам на фановите, ајде во вторник навечер да размислуваме позитивно, ајде да веруваме. Возможно е, но ни треба вашата помош да го направиме стадионот прекрасен, сите заедно“.

„Потребна ни е вашата помош, ние на теренот сите ќе си ја вршиме нашата работа, ќе се обидеме да постигнуваме голови и да го добиеме мечот, но потребна ние е вашата поддршка“.

„Ајде да се подготвиме за пресврт“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани