Популарниот „Ил
Феномено“ е на чекор до враќање во фудбалот, но не како тренер туку како
директор.
Бразилскиот
весник „О Глобо“ соопшти дека поранешниот напаѓач на Реал Мадрид е во преговори
да го купи шпанскиот второлигаш Ваљадолид за 30 милиони евра.
Очигледно
бразилската легенда решила да ги реализира најавите кои ги даде. Во јануари, за
Ла Фоља де Сауло Пауло, Роналдо изјави: „Размислувам да купам клуб од втората
лига на Шпанија или Англија. Сакам да бидам иновативен. Мислам дека сум
подготвен за еден ваков предизвик“.
Претседателот на
Ваљадолид, Карлос Суарез, кој е и мнозински акционер во клубот, за Марка
истакнал дека на маса нема никаква понуда, ниту пак се водат преговори. За
наводниот интерес на Роналдо за Ваљадолид, тој дознал од написите на медиумите.
Карлос Суарез
сепак потврдил дека 30 милиони евра ќе бидат доволни за купување на Ваљадолид.