„Роналдо е разгалено детиште, се измоча врз Реал Мадрид!“

by
1 минути читање

Португалецот
излезе со шокантна изјава само неколку секунди по триумфот над Ливерпул со кој
„Кралевите“ стигнаа до 13. титула во Лигата на шампионите.

ЦР7 истакна дека
си поминал убаво во Реал Мадрид и порача дека во следните денови ќе даде
одговор за неговата иднина. Многумина ова го протолкуваа како најава за заминување, и речиси сите негови соиграчи беа изненадени од изјавата, особено од тајмингот.

Португалецот само
24 часа подоцна како да се предомисли па на вчерашната прослава во Мадрид на
фановите им порача: „Благодарам… ќе се видиме и догодина“.

И додека сите
навивачи кои присуствуваа на шампионското славје го скандираат името на Кристијано
Роналдо и го молеа да остане, едно лице беше особено иритирано од однесувањето на играчот.

Се работи за познатиот шпански сценарист и режисер, Даниел Санчез Аревало кој е
„мадридиста“. Тој се огласи на Твитер и напиша: „Кристијано Роналдо е разглано
детиште кое мисли само на себе. Фрли дамка врз славјето на освоената титула во
Лигата на шампионите. Се измоча врз Реал Мадрид! И сето ова само за да му ја
зголемат платата и да го изедначат со Лео Меси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани