Роналдо даде голчиште, па го учеше „iShowSpeed“ како да води навивање (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Кристијано Роналдо повторно приреди вистинско шоу во Саудиска Арабија и потсети зошто и на 40 години останува меѓу најголемите ѕвезди на светскиот фудбал.

Во дуелот меѓу Ал-Наср и Ал-Фатех, Португалецот уште еднаш ја покажа својата магија, постигнувајќи спектакуларен погодок во 60. минута. Од левиот агол на шеснаесетникот испрати вистински проектил кој заврши под пречката и предизвика вистинска еуфорија на трибините.

Ал-Наср доминираше во текот на целиот натпревар и славеше со убедливи 5-1. Покрај Роналдо, во листата на стрелците се впишаа и Коман, како и Жоао Феликс кој блесна со хет-трик.Тимот од Ријад со оваа победа го продолжи својот импресивен поход во шампионатот, а Роналдо уште еднаш потсети дека неговата класа нема рок на траење.

По натпреварот се случи интересна ситуација, а во центарот на вниманието пак беше Роналдо. Португалецот дојде пред трибината со најжестоките навивачи на Ал-Наср, а таму беше популарниот јутубер „iShowSpeed“ кој се обидуваше да го води навивањето. Сепак, тропањето на тапан не му одеше, па Роналдо од теренот се обиде да му даде ритам.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×