Пред шест години во
својата родна земја, во Коринтијанс стави точка на својата богата фудбалска
кариера, мина само една година во дресот на каталонскиот гигант Барселона каде
на 37 натпревари постигна 34 погодоци, а потоа се пресели во Интер каде мина
пет сезони, по што следеше преселба во лутиот ривал на Каталонците, Реал
Мадрид, каде исто одигра пет сезони.
Говорејќи во интервју за
„Esporte
Interativo“, Роналдо немаше многу пофални зборови за начинот на кој
Барселона ги третирала Бразилците во својот тим.
„Се чувствував многу
среќен и поврзан со Реал Мадрид, и покрај тоа што имав прекрасна година од
мојот живот во Барселона“ рече Роналдо.
„На крајот, мојата
историја со Барселона беше многу лоша, слична на онаа која ја имаше Нејмар“
додаде тој.
Во однос на тоа како
Барселона ги третира/ла Бразилците, Роналдо вели дека тоа не е за пофалба.
„Барселона секогаш имала
дискутабилен однос со фудбалерите од Бразил, како Нејмар, Ромарио, Роналдињо и
мене“ вели легендарниот фудбалер.
„Ние сите бевме
третирани лошо од клубот на крајот, и покрај тоа што максимално бевме посветени“
заклучи тој.
Овие коментари на
легендарниот Бразилец доаѓаат во период кога Барселона се повеќе и повеќе се
поврзува со трансфер на Кутињо од Ливерпул, откако обидите пропаднаа во летниот
преоден рок, се погласни се шпекулациите дека тие ќе вродат со плод идниот
месец, во јануарскиот преоден рок.