Роналдо бара Зидан да шкртне две ѕвезди за стартниот состав на Реал против Јувентус

by
1 минути читање

„Кралевите“
гостуваат во Торино со речиси цел состав подготвен за настап, само Начо е надвор од комбинација поради
повреден.

Герет Бејл
постигна два гола против Лас Палмас, па Велшанецот е сериозен кандидат за место
во стартниот тим за првата пресметка со Јувентус во четвртфиналето од Лигата на
шампионите. Зинедин Зидан е во дилема, а дополнителни главоболки му создава и
Кристијано Роналдо.

Наводно ЦР7 бара
Французинот да шкртне две ѕвезди за старниот состав. Португалецот верува дека
Герет Бејл се уште не е ментално подготвен за натпревар од ваков калибар па
преферира Велшанецот да го започне мечот од клупата за резерви.

Кристијано Роналдо исто така не го сака Иско во почетните 11 бидејќи смета дека
фудбалерот од средниот ред ја успорува играта, а за пресметката со Јувентус им
се потребни брзи играчи.

Младиот Марко Асенсио е играчот кој го преферира
Кристијано Роналдо, Шпанецот против ПСЖ веќе покажа дека одлично може да се
носи на големи натпревари против големи играчи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани