Роналдињо во
интервју за „Four Four Two“ проговори на неколку
интересни моменти од неговата кариера, меѓу другото беше запрашан и за тоа дека
можел многу лесно да заврши во Манчестер јунајтед во 2003. година, наместо во
Барселона, Бразилецот го потврди тоа, а откри и детали за тоа како дошло до
финална одлука.
„Малку
недостасуваше да потпишам за Манчестер јунајтед, се работеше за 48 часа, но се
појави Сандро Росел (поранешниот претседател на Барселона), тој ми се јави и ме
праша ‘Доколку станам
претседател на клубот, дали би дошол?’, јас реков да, во прашање беа само детали за договорот со Манчестер
јунајтед во моментите кога ми се јави Росел. Му ветив дека ќе играм за
Барселона, тоа беа брзи преговори“ рече Роналдињо.
Роналдињо
подвлече дека Барселона како клуб секогаш бил интересен за Бразилците, а
проговори и за шпекулациите кои го поврзуваа со трансфер во Блекбурн во 2011.
година.
„Им кажав на
Англичаните дека ќе ја изберам Барселона. Тоа беше вистинска одлука, Бразилците
секогаш ја сакале Барселона. Имаме историја таму. Вон теренот е како никаде во
Европа, ние секогаш сме биле среќни играјќи таму. Ми недостасува Барселона
многу, имав фантастични сезони таму, тоа е клуб кој сака напаѓачи и талентирани
фудбалери. Што се однесува до Блекбурн, имаше преговори, но мојата желба да се
вратам во Бразил беше голема“ додаде тој.