Рома на „тапет“ кај УЕФА поради извиците на фановите против Рудигер

by
1 минути читање

Рома ремизираше со 3-3 на гостувањето кај Челси во
третото коло од Лигата на шампионите, а овој меч во негативна конотација за
момент го одбележа и однесувањето на фановите на гостинскиот тим.

Навивачите на Рома упатуваа мајмунски извици кон
поранешниот фудбалер на тимот од Рим, црномурестиот Антонио Рудигер кој изминатото лето
премина во редовите на Сините.

УЕФА не толерира вакво однесување, посебно не расизам, па
извесно е дека Рома ќе треба да го одврзе кесето и да го „плати“ однесувањето
на нејзините фанови во Лондон.  

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани