Алисон Бекер минатата сезона се промовираше во еден од најдобрите голмани денес и Реал Мадрид и Ливерпул загризаа за него.
По двата кикса на Кариус, јасно е дека на Ливерпул очајно му е потребен квалитетен голман и тоа ќе биде еден од приоритетите на клубот во летниот преоден рок.
Но според италијанските медиуми, Рома за продажба на Алисон бара фантастични 90 милиони евра!
Тој е прв голман на селекцијата на Бразил која е главен фаворит на светското првенство во Русија, па разбирливо е дека Рома нема да го пушти лесно.
Алисон има договор со италијанскиот клуб до 2021 година и во моментов е во преговори за нов со подобрени финансиски услови бидејќи сега има плата од 1,5 милиони евра годишно.
Се шпекулира дека Рома веќе одбила понуда од 70 милиони евра за Алисон.