69
По 11 години
откако го совлада Хетафе во финалето, Валенсија ќе се бори за нов трофеј во
Копа дел Реј. Избраниците на Марсељино вечерва со 1-0 го добија реваншот против
Бетис и закажаа пресметка со Барселона на 25. мај.
Херојот на
домаќините беше Родриго, напаѓачот на стартот од вториот дел погоди за 1-0
откако несебично беше проигран од Гамеиро.
Бетис има за што
да жали откако на првиот меч испушти водство од 2-0, а на Местаља имаше неколку
добри шанси во првиот дел. За болката да биде поголема, финалето се игра на
нивниот стадион „Бенито Виљамарин“.