Родригез доби црвен картон на тренинг натпревар на Вардар

by riste
1 минути читање

На подготовките во Норчија, Италија, вардарци денеска одиграа меѓусебен натпревар.

За едната екипа настапија: Диковски, Пуељо, Матиќ, Мишковски, Дурански, Босанчиќ, Николов, Спахиу, Данев, Торес, Омерагиќ, додека на спротивната страна беа: Талески, Јанкулов, Најдовски, Велковски, Маневски, Тодоровски, Бабунски, Пиреш, Закариќ, Јаков, Герсон.

Победата ја однесе екипата која настапи во првата гарнитура дресови „црвено-црни“ со 2-1, стрелаа Спахиу и Куестас. Единствениот гол за поразените беше дело на Закариќ.

И покрај тоа што вардарци играа меѓусебен меч, Жерсон Родригез успеа да добие црвен картон.

Судија на натпреварот беше Даријан Илчевски кој е по потекло од Гостивар и дел од судиите во Италијанската фудбалска федерација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×