Барселона или Реал Мадрид? Родри ја одбрал следната авантура

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Родри донел одлука за својата иднина, фудбалерот од средниот ред сака само трансфер во Реал Мадрид и не го интересира ниту еден друг клуб.

Родри подолго време се најавува како ново засилување на Реал Мадрид, но изминатиов викенд се појавија гласини кои велеа дека Барселона се приклучува во трката за потписот на Шпанецот и опипале терен за негов ангажман.

Но последните информации велат дека Родри не е заинтересиран за преселба на Камп Ноу.

Ако летово го напушти Манчестер Сити, неговата единствена желба е да се пресели во Реал Мадрид.

Интерес за неговите услуги пројавиле и ПСЖ и Баерн Минхен, но и тие го добиле истиот одговор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×