85
Дечиќ направи неочекувана смена на клупата во пресрет на дуелите со Силекс во квалификациите за Конференциската лига.
Црногорскиот претставник соопшти дека ја прекинал соработката со Ненад Брновиќ, стратегот кој минатата сезона го донесе трофејот во Купот на Црна Гора.
На негово место се враќа Небојша Јандриќ, кој веќе еднаш ја водеше екипата и ќе има задача да го подготви тимот за првиот натпревар со Силекс, закажан за 10 јули во Црна Гора. Реваншот со македонскиот претставник ќе се игра на 17 јули во Скопје.