Големите фудбалски
фанови и познавачи на оваа игра тешко дека ќе го заборават еден од најдобрите
виртуози со топката, Ривалдо, кој вели дека доколку би играл во оваа ера би
постигнал многу повеќе во однос на тоа што го постигнал во периодот додека
играл.
„Би имал повеќе од една
Златна топка доколку играв во оваа ера. Во најдобрите години би бил најдобар
играч на светот повеќе пати. Роналдо и Меси се премногу добри, тоа е јасно, но
сакам да кажам дека би се борел со нив за титулата – најдобар. Во мое време
имаше повеќе квалитетни фудбалери, денес се зборува само за Роналдо и Меси,
можеби помалку и за Нејмар“ вели Ривалдо за „АС“.
Ривалдо во својата
кариера мина низ неколку клубови, меѓу кои најмногу се прослави во Барселона во
петте сезони минати за каталонскиот гигант одигра 157 натпревари на кои
постигна 86 погодоци. За Бразил реализираше 74 настапи на кои постигна и 35
погодоци.