205
Македонскиот
репрезентативец Стефан Ристовски, фудбалерот на Спортинг Лисабон по само една
мината сезона во португалската екипа може да си замине од истата, а како следна
можна негова дестинација се споменува германската Бундеслига, поточно, екипата
на Штутгарт.
„Туто Меркато Веб“
пишува дека по нападот од хулиганите на тренингот на Спортинг Лисабон, неколку
соиграчи на Ристовски, меѓу кои и самиот македонски фудбалер, сериозно
размислуваат да ја напуштат таа екипа, а Штутгарт е сериозна опција за нашиот
интернационалец.
Ќе потсетиме дека
Ристовски пред извесен период беше поврзуван со трансфер во италијанскиот
прволигаш Џенова, каде настапува нашиот капитен Горан Пандев.