Порто со победа од 1-0 пристигна во Лисабон на реванш полуфинален меч со Спортинг.
Стефан Ристовски од клупата го почна мечот, но влезе во игра во 72. минута кога резултатот беше 0-0. Коатес во 85. минута постигна гол за 1-0 за Спортинг Лисабон. Тоа беше ист резултат како и во првиот меч.
Во продолженијата немаше голови, па пеналите го решаваа победникот.
Во пенал серијата погодија сите пет изведувачи на Спортинг Лисабон, Икер Касиљас не успеа да одбрани ниту еден пенал. Немаше интервенција ниту Руи Патрисио, но Маркано од Порто ја погоди стативата во првата серија.
Спортинг во финалето ќе игра против Авеш и ќе биде голем фаворит за трофејот. Ако го освојат тоа ќе биде втора титула за нив оваа сезона бидејќи триумфираа и во Лига Купот.