Ришарлисон си ја отвори душата: Бев во депресија, сакав со автомобилот да се забијам во ѕид

by Стефан
1 минути читање

Бразилскиот репрезентативен напаѓач Ришарлисон откри дека тешкиот пораз од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство 2022 година сè уште остава длабока трага врз него и дека нема да го надмине додека не стане светски шампион.

Хрватска тогаш го елиминираше Бразил по подобро изведување на пенали на Мундијалот во Катар, што, како што вели, сериозно влијаело врз бразилската репрезентација.

Во интервју за „Франс Фудбал“, напаѓачот на Тотнем откри дека по турнирот поминал низ исклучително тежок период и се соочувал со сериозни лични и професионални проблеми, при што, како што наведува, дури размислувал и за најцрни сценарија. Тој посочи дека по Светското првенство „се му се срушило одеднаш“ , од спортскиот неуспех, преку проблеми со агентот Ренато Веласко, до семејни и здравствени тешкотии.

„По Светското првенство во 2022 паднав во депресија. Сè ми се сруши одеднаш: елиминацијата, предавството од мојот агент Веласко, кого го обвинувам за измама, семејни проблеми, физички проблеми… Година ипол добивав удари, секој ден“, изјави Ришарлисон.

„Првпат се соочив со толку многу проблеми, како да бев во бездна без дно. Во сето тоа запознав чесен адвокат кој ми ги среди работите и имотот. Потоа ми помогна и Еурелио Гомес.“

„Една вечер, додека ја возев сопругата на аеродром, ја погледнав во очи и ѝ реков: ‘Ти благодарам што ми го спаси животот.’ Колку пати, додека возев, помислував да се забијам во ѕид! Сега кога таа е тука, повеќе не размислувам за тие глупости. Таа и мојот син ми значат сè“, раскажа Бразилецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×