193
Едуард Камавинга им се извини на навивачите на Реал Мадрид за црвениот картон кој го доби на дуелот против Баерн Минхен по кој Баварците дадоа два гола и го добија мечот.
Реал Мадрид водеше со 3-2 кога во 86. минута Камавинга доби втор жолт картон поради задржување на време и гостите останаа со играч помалку. Таквата предност брзо ја искористи Баерн Минхен и дојде до победа и полуфинале во Лигата на шампионите.
Многумина сметаат дека Камавинга престрого беше исклучен, но Французинот се извини за потегот.
„Ја преземам одговорноста за мојот дел. Сакам да му се извинам на тимот и на навивачите Ви благодарам за поддршката, да живее Реал Мадрид“, порача Камавинга.