Дебакл на Италијанците каков што не им се случил четири децении

by riste
1 минути читање

Со елиминацијата на Болоња во Лигата на Европа и Фиорентина во Конференциската лига, Италија остана без претставник на европските турнири.

Така, Серија А нема да има претставник во полуфиналето за првпат од сезоната 2018/19. Сепак, во тоа време имаше две континентални натпреварувања, бидејќи Конференциската лига не постоеше. Ако се земат предвид сезоните кога постоеја три натпреварувања на УЕФА, вакво нешто на Италијанците не им се случило од 1987 година.

Во Лигата на шампионите, Аталанта отиде најдалеку од италијанските клубови. Тимот од Бергамо беше елиминиран во осминафиналето од Баерн Минхен со вкупен резултат од 2-10.

Оваа сезона, Англија има најмногу полуфиналисти на европските турнири – 4, Франција, Германија и Шпанија имаат по два, додека Украина и Португалија ќе имаат по еден претставник во следната фаза. Со оглед на ждрепката, Англија сигурно ќе испрати еден финалист во Лигата на Европа, бидејќи во полуфиналето ќе се сретнат Астон Вила и Нотингем Форест.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×