Пред градското дерби кое се играше викендов во Рим помеѓу Рома и Лацио на улиците во Рим се случувал вистински хаос во кој настрадале и полицајци.
Хулиганите на римските ривали влегле во жесток судир со полицијата, а на крајот повредени биле 24 членови припадници на безбедносните сили.
За големите нереди во јавноста се огласи и градоначалникот на Рим, Роберто Гуатијери.
„Навистина сум згрозен. Неприфатливо е хулиганите ваквите натпревари да ги претвораат во место за урбана војна“, изјави Гуатијери.
За редот во Рим околу стадионот се грижеле над 2.000 полицајци, но сепак и тие се покажале како недоволни за да остане се под контрола.
Локалните медиуми информираа и дека во инцидентите е направена материјална штета во износ од 40.000 евра.
Ultras Lazio vs 1312
— Calle ℌ Grada (@CalleYGrada) April 14, 2025
SS Lazio – AS Roma
13/04/25. 🇮🇹 pic.twitter.com/OADmYfxaN9