Ријека подготвува сензационален трансфер, пристигнува поранешниот напаѓач на Арсенал?

by
1 минути читање

Откако му истече
договорот со бразилски Атлетико Параненсе, поранешниот репрезентативец на
Хрватска, и екс член на Премиерлигашот Арсенал, Едуардо да Силва, би можел да
им се приклучи на нашите фудбалери Леонард Жута и Милан Ристовски.

Натурализираниот Хрват
вели дека нема ништо против на тоа да се пресели во Ријека, но додаде дека е
подготвен за разговори со клубот доколку истиот му претстави добар проект.

Ријека е организиран
клуб, исто како и Осијек. Доколку некој ми претстави добар проект, подготвен
сум за разговори. Се јавија и неколку клубови од Австрија, во секој случај, не
би било сериозно од моја страна да откријам нешто повеќе од ова се дур не дојде
до конкретни разговори со челниците на некој од тие клубови
“ изјави 34 годишниот Едуардо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани