Баерн Минхен
славеше со 1-2 кај Севиља и со една нога е во полуфиналето во Лигата на
шампионите, но ако се земе во предвид колку е незгоден шпанскиот прволигаш, во
тој случај германскиот првак ќе треба добро да се помачи и пред своја публика,
каде не смее да киксира.
По мечот, Франк
Рибери истакна дека на неговиот тим воопшто не му било лесно против Севиља, за
која додаде дека е одлична екипа, тој издвои дека во почетната фаза од средбата
Баерн се загубил на теренот, а организацијата се распаднала.
„Во првите десет
минути не бевме добри, се изгубивме на теренот, организацијата на играта ни се
распадна. Како колектив не бевме добри, во второто полувреме работите си дојдоа
на свое. Лигата на шампионите е едно поинакво натпреварување. Севиља е добра екипа
и воопшто не ни беше лесно, најважно од се’, е фактот дека реагиравме добро по нивниот гол, не
смеете да правите грешки, морате секогаш да ја следите играта под будно око“
рече Рибери.