95
Преостануваат уште
шест кола до крајот на овосезонската Примера, а на Депортиво Ла Коруња и
претстои тешка битка за опстанок во најсилниот шпански фудбалски шампионат.
Тимот на Кларенс
Сидорф направи изненадување во викендашкото гостување кај Атлетик Билбао совладувајќи
го својот противник со 2-3, а интересен детал регистрираа камерите од таа
средба.
Холандскиот
стратег за момент смири една топка која стигна до него, а интересна беше
реакцијата на фудбалерите на Депортиво Ла Коруња кои беа импресионирани од
неговиот потег..