Реал стравува дека ќе биде оштетен против Баерн по она што се случуваше на дуелот со Јуве

by
1 минути читање

Контоверзниот
пенал кој го досуди Мајкл Оливер на реваншот помеѓу Реал Мадрид и Јувентус со
денови беше топ тема во фудбалскиот свет. „Кралевите“ сега се загрижени дека
целата фама која се крена околу оваа одлука ќе влијае врз судиите кои ќе ја
делат правдата на двомечот со Баерн Минхен.

Реал верува дека
се води „анти-Мадрид“ кампања и целиот овој притисок може да им наштети на нивните шанси за ново финале во Лигата на шампионите.

За ова дури беше
запрашан и Зинедин Зидан, кој на денешната прес конференција истакна: „Ние ќе се
обидеме да ја завршиме нашата работа а судијата неговата… убеден сум во ова
.

„Секогаш имало
„анти-мадридисмо“. Но поважно е тоа што секој ден има се повеќе „мадридисти“.
Ова е најдобриот клуб, клубот со најмногу фанови. Бројката расте секој ден
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани